top of page

КАКО ВИДЕО МАРКЕТИНГОТ ГО ПОДОБРУВА ИНТЕРНЕТ РАНГИРАЊЕТО НА ВАШИОТ БИЗНИС?


видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, интернет рангирање, рангирање, SEO



БИЗНИСИТЕ КОИ ИМААТ ПРЕДНОСТ НА GOOGLE

Доколку имате бизнис или организација преку кои сакате да понудите одреден производ, услуга или да пренесете одредена порака, едно од многуте прашања со кои ќе се соочите во исполнувањето на таа цел е: кои се средствата кои можам да ги искористам за да ги досегнам луѓето? Начини има многу, но како и во претходниот блог, така и во овој, ние ќе продолжиме да аргументираме за најефективниот начин на кој би можеле да ги досегнете потенцијалните клиенти, а тоа е преку видео. Видеото е најомиленото средство преку кое интернет корисниците би сакале да дознаат за нов производ или услуга (за тоа пишувавме во минатиот блог - кликни тука за повеќе). Но, уште една многу важна предност на видеото е тоа што најпознатата пребарувачка платформа во интернет светот - Google е местото каде предноста ја добиваат оние бизниси кои покрај другото, имаат видео. Да објасниме.

Кога потенцијален клиент пребарува одреден производ или услуга на Google, дали вашиот бизнис ќе се појави меѓу првите или не, зависи од нивото на SEO кое вашата веб страна го има на Google. Се разбира, ако вашиот бизнис се појави меѓу првите поголеми се шансите дека потенцијалниот клиент ќе се обрати кај вас за потребниот производ/услуга.



ШТО Е SEO?


SEO (скратено од Search Engine Optimization, или оптимизација на пребарување) е подобрување на популарноста на одредена интернет страница. Односно, SEO е тоа што и помага на вашата веб страна да биде една од првите веб страни кои потрошувачите ќе ги забележат, тогаш кога ги пребаруваат производите/услугите кои ги нудите. Тоа е желбата и целта на сите бизнис сопственици во однос на онлајн присуството на нивните бизниси. Но, SEO не е нешто кое туку-така се случува. За Google да ја подобри популарноста на вашиот бизнис, има неколку аспекти на кои треба да внимавате:

  • содржината на веб страната

  • клучните зборови кои се користат на веб страната

  • пишувањето блогови

  • дали и колку често вашиот бизнис и веб страна се објавени на други веб страни или на социјалните медиуми и сл.), меѓу кои е и видеото.


видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, интернет рангирање, рангирање, SEO


КАКВА Е ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ВИДЕО МАРКЕТИНГОТ И SEO?


Алгоритмот на Google е и тоа како свесен за реалноста, дека интернет корисниците се многу позаинтересирани во гледање видеа, отколку во читање текст. Алгоритмот на Google е создаден да им понуди подобро искуство на корисниците. Тоа значи дека бизнисите и органзациите кои имаат видео, имаат предност во алгоритмот на Google, затоа што тие се потрудиле да го обезбедат токму тоа кое го привлекува и задржува вниманието на интернет корисниците.

Не, тоа не значи дека ако снимите едно видео (колку и да е тоа добро), дека по автоматизам вашиот бизнис или организација веднаш ќе излезат први при пребарување на Google. Но, бидејќи интернет корисниците сакаат повеќе да гледаат видео, отколку да читаат текст, самиот факт што на вашата веб страна би имале видео, би значело дека вашата страна ќе биде нешто кое ќе им биде интересно да го погледнат.

Едноставно е: Google сака да им го понуди на интернет корисниците тоа што тие најмногу уживаат да го конзумираат, а тоа се видеата. Ако вашиот бизнис има видео, Google ќе ги пренасочи кај вас. На Google му се важни видеата, и затоа треба да ви се важни и вам.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, интернет рангирање, рангирање, SEO

Затоа е добро и корисно да имате видео (можеби и повеќе од едно) кое е поврзано со производите или услугите кои ги нудите. Интернет корисниците сакаат да гледаат и споделуваат добри видеа, што значи дека ако имате добро и креативно видео на вашата веб страна (и на социјалните медиуми) сѐ повеќе луѓе не само што ќе го гледаат, туку и ќе го споделуваат видеото со своите пријатели. А тоа, ќе му прати на Google сигнал дека содржината која ја нудите е добра, релевантна и квалитетна, што (повторно) ќе резултира со подобрување на вашето SEO, односно популарноста на вашата страна на интернет.



ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛТА


Се разбира, сево ова не е цел само по себе. Причината поради која треба да размислите да снимите видео кое би помогнало во популарноста на вашиот бизнис, не е само луѓето да знаат дека постоите и нудите одреден производ или услуга, туку да можете да ги продадете истите. Затоа, важно е да имате на ум дека видеото е еден од важните аспекти на вашето онлајн присуство, а со тоа и вашите шанси за продажба исто така ќе се зголемат.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, интернет рангирање, рангирање, SEO

Добриот видео маркетинг значително придонесува во носењето одлука од страна на потрошувачите за кој производ или услуга ќе се одлучат да ги потрошат своите пари.

Важноста на видео маркетингот за SEO е во тоа што вашите потенцијални потрошувачи ќе минуваат повеќе време на вашата страна, а сето тоа помага во рангирањето на вашата веб страна. Затоа, на видеото не треба да гледате како на нешто кое само ги троши вашите пари и време, туку како на важна и потребна инвестиција која во иднина ќе ви се врати.


тагови




34 views

Comments


bottom of page