top of page
Writer's pictureLinkAcross

ПРЕДНОСТА НА ДИГИТАЛНИТЕ ФОТОАПАРАТИ ВО СПОРЕДБА СО КАМЕРИТЕ ОД ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ


видео, видео маркетинг, видео продукција, бизнис видео, бизнис видеа, промотивно видео, корпоративно видео, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, promotivno video, korporativno video, video production, business video, business videos, promotional video, promo video, coporate video, video production skopje, video production macedonia
[сликата е преземена од https://www.techradar.com/news/smartphones-vs-cameras-do-you-still-need-a-dslr]

Во последните години, пазарот за паметни телефони станува се поголем, а и понудата за овој тип на телефони станува се покреативна и понапредна. Компаниите кои се лидери на пазарот за паметни телефони постојано воведуваат новитети со кои се обидуваат на корисниците да им дадат што подобро искуство во користењето на нивните производи. Дел од тоа подобрено искуство се и камерите кои се инсталираат во паметните телефони. Всушност, камерите се можеби едни од клучните фактори поради кои некои корисници се одлучуваат да купат еден телефон во споредба со некој друг. Со оглед на тоа што камерите на паметните телефони стануваат се подобри, во последните неколку години се поставува прашањето: дали вреди да се купува професионален фотоапарат, кога камерите на телефоните се толку добри?


Во овој блог ќе пишуваме за разликата помеѓу (полу)професионалните апарати и камерите на паметните телефони, со нагласок на предноста која првите ја имаат пред вторите.



РАЗЛИКИ


Постојат неколку значајни разлики помеѓу (полу)професионалните фотоапарати и камерите на паметните телефони. Ќе спомнеме неколку кои сигурно ќе бидат доволни за да сфатите за што станува збор.


1. СЕНЗОР


Големината на сензорот е една од најглавните разлики помеѓу нив. Дури и најефтините (полу)професионални фотоапарати имаат неколку пати поголем сензор одошто камерите на паметните телефони. Можеби се прашувате: „Зошто тоа треба да ми биде важно?“ За да ја разберете важноста на оваа разлика, потребно е да ја знаете улогата на сензорот во процесот на фотографирање. Ќе објасниме накратко:


Сензорот е всушност оној дел од камерата кој ја прима светлината. Колку е поголем сензорот на камерата, толку е поголема неговата способност да апсорбира светлина. Сензорот ја прима светлината и потоа ја носи кон процесорот каде се создава дигитална верзија од вашата фотографија. Поголем сензор = поголема способност за апсорбирање светлина = поквалитетна фотографија. Со други зборови, ако и најефтините (полу)професионални фотоапарати имаат барем неколку пати поголем сензор од оној кој се наоѓа во камерите на паметните телефони, тоа значи дека способноста на нивните сензори да примаат светлина е барем неколку пати поголема од онаа на камерите кај паметните телефони. Нивото на светлина кое влегува во сензорот е од исклучителна важност во процесот на создавање добри фотографии. Во крајна смисла, самиот збор фотографија во буквална смисла значи цртање со светлина. Светлината е таа која ви помага да го видите тоа што сакате да го фотографирате, и да го доловите на најдобар можен начин. Од таа гледна точка, колку повеќе светлина може да впие сензорот на вашата камера, толку подобар ќе биде крајниот резултат.


2. НАМЕНА

За разлика од паметните телефони, кои се еден вид на мини компјутери кои ги носиме со нас каде и да одиме, (полу)професионалните фотоапарати се уреди со само една намена, или подобро кажано две: правење фотографија и снимање видео.


Тоа значи дека во телата на (полу)професионалните фотоапарати има многу поразвиена технологија и механика во споредба со онаа од камерите на паметните телефони. Не само големината на сензорот, туку и процесорите кои се од исклучителна важност за квалитетот на сликата, се покомплексни и понапредни во (полу)професионалните фотоапарати.


3. ИЗБОР НА ДОДАТОЦИ

За разлика од камерите на паметните телефони, со (полу)професионалните фотоапарати имате повеќе можности за користење додатоци кои ќе ви помогнат да направите подобри фотографии.


Еден таков пример е користењето на блиц. Доколку се наоѓате во услови на намалена светлина, и сакате да користите надворешен блиц, (полу)професионалните фотоапарати ви нудат можност за тоа. Доколку имате барем малку искуство со фотографија, знаете дека има околности кога користењето надворешен блиц нуди многу подобри резултати во споредба со оној кој доаѓа со фотоапаратот/камерата од паметниот телефон.


До пред неколку години, предноста на (полу)професионалните апарати во споредба со камерите од телефоните беше во тоа што едните имаа можност за користење објективи, а другите не. Тоа се смени во последните неколку години кога некои компании почнаа да произведуваат објективи за камерите од паметните телефони (кои патем можат да дадат изненадувачки добри резултати). Но, и покрај тоа, изборот за објективи за (полу)професионалните фотоапарати е далеку поголем, и подобар.



Имајќи го сето ова на ум, можеме да заклучиме дека постои значителна разлика помеѓу (полу)професионалните фотоапарати и камерите од нашите паметни телефони. Тоа не значи дека камерите на паметните телефони не се добри. Баш напротив, за поголемиот дел од љубителите на аматерската фотографија, камерата од паметниот телефон може да биде повеќе од доволна.

Сепак, доколку сакате еден ден да напреднете и да навлезете во светот на фотографијата малку посериозно, добро е да размислите за набавување на (полу)професионален фотоапарат. Како уред за фотографирање, (полу)професионалниот фотоапарат е многу покомплексен и ви нуди опција за поквалитетни фотографии.



тагови



33 views

Comments


bottom of page