Важноста и влијанието на видеата во денешниот интернет свет не можат да бидат оспорени. Се поголем број бизниси се одлучуваат своите производи и пораки да ги пренесат преку видео. Но, во видео маркетингот, зборот „видео“ е многу општ поим затоа што постојат повеќе типови на видеа. Секој тип на видео е посебен како во содржината која ја пренесува, така и во целта која треба да ја постигне. Во овој и следниот блог ќе пишуваме за најчести типови на видеа кои докажано им помагаат на бизнисите и организациите да растат.
ВИДЕОТО КАКО БИЗНИС АЛАТКА
Секој бизнис има своја приказна. Некои бизниси се семејни и започнати пред неколку генерации, други пак се нови, но сите имаат своја уникатна приказна која вреди и треба да се раскаже доколку бизнисот сака да ја зголеми својата работа. Ако сакате да ја раскажете својата приказна пред пошироката публика, најдобар начин да го сторите тоа е преку видео.
Видеата ви помагаат да го претставите вашиот бренд на креативен и на начин кој ќе биде најприфатлив за поголемиот дел од потенцијалните клиенти. Според најновите истражувања, видеата се далеку подобар начин за пренесување одредена порака во споредба со текстот или сликите.
Но, кога размислуваме за видеа, ние размислуваме за нешто многу општо. Постојат различни типови на видеа кои би му помогнале на вашиот бизнис и бренд да бидат претставени во јавноста и пред потенцијалните клиенти. Најчести типови на видеа се:
1. ПРОМОТИВНО
Како што кажува името, идејата на овој тип видеа е да промовирате нешто пред пошироката јавност. Бизнисите најчесто ги користат промотивните видеа за да претстават одреден производ, услуга или настан пред пошироката јавност за прв пат. Промотивното видео им помага на интернет корисниците кои веќе се запознаени со вашиот бизнис, да видат што ново имате да им понудите.
Главната цел на промотивните видеа не е целосно и детално да го објаснат производот/услугата/настанот кој го нудите, туку да им дадете еден вид на преглед на гледачите за што станува збор, нешто што би ја поттикнало нивната љубопитност и би ги предизвикало да соработуваат со вас (нешто слично како трејлер на филм).
Иако целта на секое видео, особено на промотивните, е да го продадете тоа што го нудите, многу важно е тоа да не биде главната порака на промотивното видео. Многу е подобро доколку гледачите добијат чувство дека им презентирате нешто, а не дека им продавате нешто. Ако тоа што го нудите е добро презентирано, големи се шансите дека ќе го продадете. Од друга страна, ако гледачите постојано се повикувани да го купат тоа што го нудите, може да се постигне контра ефект од посакуваниот.
2. КОРПОРАТИВНО
Корпоративните видеа имаат за цел да го претстават вашиот бизнис. Како и кај промотивните видеа, така и самото име на овој тип на видеа ни дава до знаење дека има за цел да претстави одредена корпорација/бизнис. Ако промотивното видео ви помага да презентирате одреден производ/услуга/аспект од вашиот бизнис и има за цел да продаде нешто, корпоративното ви помага да дадете генерална презентација на целиот ваш бизнис и има за цел да објасни нешто.
Овој тип на видеа можат да бидат насочени кон клиентите - физички лица, но исто така може да бидат насочени и кон бизниси со кои би сакале да соработувате во иднина. Главната цел на корпоративното видео е да им даде до знаење на другите за каков бизнис станува збор, која историјата на бизнисот, промената која вашиот бизнис ја прави во нивните животи и општеството, кои се вредностите за кои вашиот бизнис се застапува, вашата мисија и визија и сл.
Сето тоа би резултирало со промоција на вашиот бренд. Тоа би можело да ги поттикне гледачите да сфатат која е мисијата на вашиот бизнис и не само да ја ценат, туку и да ви се придружат во исполнувањето на истата, знаејќи дека се дел од нешто кое носи промена во нивните животи, животите на другите, а и во општеството.
Дали вашиот бизнис има промотивно или корпоративно видео? Доколку имате потреба од снимање на промотивно или корпоративно видео, ЛинкАкрос Видео Продукцијата може да ви помогне во тоа. Имаме долгогодишно искуство во соработка со мали и средни бизниси од Македонија и Албанија. Нашето портфолио можете да го видите на: www.videoprodukcija.mk/video
Контактирајте нѐ и ајде да соработуваме!
тагови
Comments